Multietničko obrazovanie
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10 | Nivo:
Pedagoški fakultet
Вовед....................................................................................2
Поим за мултиетничко образование..................................3
Фази на мултиетничко
образование..................................5
Mултиетничко
образование................................................7
Заклучок
..............................................................................9
Користена
литература.......................................................10
ВОВЕД
ПОИМ ЗА МУЛТИЕТНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Поимот мултиетничко образование во пошироката
смисла се однесува на секоја програма која овозможува запознавање и усвојување
на културните вредности и обележја не само на своите, туку и на другите
култури. Во тој поглед, наставните програми во монокултурните и монолингвалните
средини опфаќаат одредени содржини за другите народи во минатото и во
сегашноста што може да придонесе за постигнување на хуманистичко воспитание.
Сепак, мултиентичкото образование се однесува, пред се, на тие програми кои се
реализираат во повеќекултурните општества, а се насочени на запознавање на
културните обележја на својата и на другите заедници. Теоретичарот Верн
нагласува дека "мултиентичкото образование претставува образовни програми
кои не се однесуваат само на малцинствата, туку и на целокупната општествена
заедница било тоа да се големи или мали заедници°. Мултикултурализмот во е
општествено движење кое се јавува од демократските определби за почитување на
граѓанските и човековите права и слободи, како и права за негување и развивање
на националните и на културните вредности и особености, права на разлики на
одредено ниво за поврзаност со другите групи - заедници и нивно интегрирање.
Односите на припадниците на различните
групи-заедници и нивната културна различност се следени со одредена динамика, а
понекогаш се прикриени и условени со историските, економските, политичките и
актуелните политички појави. Оттука и свеста за етничкиот, културниот,
јазичниот и регионалниот идентитет понекогаш се маскираат со митот за
национално единство или барањата на мнозинските групи за хомогенизација на
повеќекултурната заедница.
Денес се повеќе се говори за интегрирање на
припадниците на малцинските групи, да бидат лојални членови на повеќекултурното
општество, да се вклучуваат во институциите на системот на државата, слободно
да ја реализираат културната размена со другите заедници-групи и на тој начин
ја збогатат широката заедница, зачувувајќи ја и развивајќи ја својата посебност
и специфичност.
Мултиентичкото општество и образование
настојуваат да го дадат својот придонес и одговори на потребите, и да ги
признаат културните разлики на одделните групи. При сето тоа се користени
различни стратегии од интензификација на учењето на службениот јазик, преку
организирано учење на мајчиниот јазик на малцинските групи, запознавање и
усвојување на вредностите на сопствената култура и културата на другите и
разновидни форми на двојазична настава. На тој начин се стекнува билингвално
образование до воведување на интеркултурната стратегија во образованието на
учениците од малцинската со мнозинската заедница.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!